Толедо: Со нетрпение го очекувам дебито за Вардар

фото: РК Вардар

Бразилецот Жозе де Толедо го пропушти првиот дел од сезоната поради операција на коленото.

Жозе де Толедо на почетокот од сезоната пристигна во редовите на европскиот шампион Вардар како големо засилување на позицијата на лев нек, но тешката повреда на коленото, а потоа и операцијата го оневозможија Бразилецот да дебитира во „црвено-црниот“ дрес.

Но, сега повредата е минато за Толедо и тој под палката на новиот тренер Стефче Алушовски се подготвува за вториот дел од сезоната каде Вардар го очекува голема борба за пласман во еллиминациите во Лигата на шампионите, но и во одбраната на трофеите во СЕХА лигата и во домашните натпреварувања.

– Имав компликувана операција, не толку едноставна како што мислат луѓето. Не сум среќен со ситуацијата во која се најдов, но тоа е нормален процес што треба да го поминете постоперативно. Нетрпението те излудува, не можам да дочекам да почнам да играм. Имав долга рехабилитација и тешко е. Не беше лесно, но се подобро се чувствувам и месецов почнав тренинзи со тимот – вели Толедо во интервјуто за официјалната веб-страница на РК Вардар.

Тој со нетрпение го очекува првиот настап за Вардар, и е подготвен за предизвиците во вториот дел од сезоната.
– Ми недостигаше ракометот, ми недостигаше да бидам со екипата. Најмногу ми недостигаше тоа што од почетокот на сезоната уште не сум играл со дресот на Вардар. Време е да го облечам дресот, да застанам пред навивачите на Вардар и да излезам на теренот во оваа прекрасна сала со неверојатна атмосфера за поддршка.

Подготвен сум за овој предизвик. Затоа и сум тука. Ќе бидат тешки месеци пред нас. Предизвиците се тешки, независно дали е СЕХА лига, ЕХФ ЛШ или домашното првенство. Секој натпревар треба да го играме како клучен и нема да биде лесно. Но во тоа е и убавината, да имаш тешки предизвици и да можеш секој пат да дадеш 100 проценти – потенцира Толедо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот