Толедо и официјално дел од „црвено-црното“семејство

Европскиот шампион Вардар и официјално се засили со уште еден ракометар. Бразилецот Хозе Гиљермо Де Толедо потпиша двегодишен договор со „црвено-црните“. Толедо е 25-годишен ракометар кој ќе биде засилување за Вардар на десната бековска позција. Толедо е роден во Сао Паоло, висок е 193 сантиметри и тежок 100 килограми. Тој о стандарден репрезентативец на Бразил, и има освоени златен (216) и сребрен (2018) медал од Пан Американските игри. Играше и на СП 2015 година во Катар.

– Со ангажирањето на Толедо веруваме дека ќе имаме уште подобра бековска линија во Вардар. Бразилецот низ своите настапи претходните години покажа дека може да биде корисен во секој тим. Неговата младост и пред се напаѓачки и одбранбени способности секако ќе бидат добредојдени. Очекуваме Толедо да ја искористи шансата што ќе му биде укажана, и да покаже дека и ние и тој направил одличен избор со доаѓањето во Скопје – изјави Давор Стојаноски, извршниот директор на Вардар.

Толедо доаѓа од редовите на полскиот тим, Висла Плоцк за кого настапуваше во последните четири сезони, а во последните две сезони играше во Лигата на шампионите и постигна 41 гол.

Претходно во редовите на европскиот, македонскиот и СЕХА шампионот, пристигнаа Артурс Кугис, Сергеј Горпишин, Димитар Димитриоски, Павел Атман, а нов тренер е Давид Писонеро кој го замени Роберто Гарсија Парондо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот