Токсиколог од соседството тврди: Со здрава храна, постење, вежби и љубов можете се да излечите

Фото: Принтскрин

Токсикологот по потекло од Косово, професорот Хетем Рамадани смета дека болестите се последица од нашиот животен стил, како сме живееле, каква храна сме консумирале, а смета дека 5 отсто од здравствените проблеми се генетски. Тој верува дека за да биде човечкиот организам здрав, треба да внимаваме што јадеме, каде живееме, кога јадеме а врз се со кого јадеме. Рамадани во емисија во ТВ 21 даде препорака дека кога јадете не треба до крај да го завршите целото јадење.

Професорот смета дека еден многу битен фактор е постењето. Тој тврди дека постовите и самиот тој ги практикува секој месец, секој недела. Вели дека тие што јадат помалку и живеат подолго.

– Јас практикувам кај моите пациенти 33 дневен пост и со пиење само на вода. Секоја култура, секоја традиција има свои постови – вели тој.

Професорот препорачува дека во одредено време од денот не треба да јадете, ниту да размислувате, па ниту да работите нешто.

– Што повеќе љубов, храна – колку што има потреба телото – препорачува токсикологот.

Тој ја отфрла теоријата дека јадењето на месото води кон рак, тврди дека тоа не е точно туку точно е колку количински се јаде и доколку тоа месо е со хормони тогаш тоа претставува проблем.

Рамадани смета дека и дијабетесот може да се лекува, па така во ова насока препорачува да не се јаде воопшто благо.

– Сите кои имате дијабетес отстранете го шеќерот од дома. Брашното е шеќер, лебот е шеќер, едно парче леб се две лажици шеќер, било бел леб или интегрален, хемиски тоа е шеќер. Па затоа јас не јадам шеќер – вели токсикологот.

Тој е убеден дека со само 20 минути пешачење на ден сите аптеки би се затвориле

– Доколку седите 6 часа на столче, посебно ова важи за жените, последиците се исти како кога пушите цигари – тврди Рамадани.

Но, тој објаснува исто така дека еден од „клучевите” за да сме здрави, но и да не влијае стареењето врз нас, е медитацијата – кога вели медитација мисли на состојба во која нема да размислувате буквално за ништо, тоа го препорачува да го правите два пати на ден, по 20 минути.

Рамадани има многу скромна техника за медитација препорачува да седнете и да се фокусирате во дишењето и не правете ништо друго освен да ги затворете очите. тој дури сите гости во студиото кај што гостуваше ги натера да ја изведат ова техника на медитација.

Што се однесува до лекувањето на ракот тој тврди дека со симулација на нашето тело и тоа е возможно.

– Пазете што јадете, јадете што помалку, пијте многу вода и земајте витамин ц, кое нашето тело не го произведува – дециден е професорот.

Рамадани е еден од најбогатите албански бизнисмени, кој студирал токсикологија и патологија, како и зрачење и акустично загадување, а досега објавил и неколку книги за здрав живот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот