Токио со нов рекорд на заразени од коронавирус

epa08341586 Vacant taxis are filled on roadsides of Ginza night life spot areas in Tokyo, 03 April 2020 as people usually enjoying Friday night are going home. Tokyo Governor Yuriko Koike calls people to stay away nightlife like drinking places, karaoke and live music clubs to avoid explosive spreads of the COVID-19 coronavirus. EPA-EFE/KIMIMASA MAYAMA

Јапонската Влада смета дека во моментов нема потреба од воведување вонредна состојба во земјата.

Бројот на заразени со коронавирус во Токио, во изминатите 24 часа, надмина 400 лица, што претставува рекорд за целиот период на епидемијата, изјави гувернерката Јурико Коике.

Според неа, во изминатите 24 часа се регистрирани 463 нови случаи на заразени и за првпат зголемувањето во главниот град надминува 400 лица за 24 часа. Претходниот пик на нови случаи беше пријавен во четвртокот, кога бројот на новозаразените достигна 367 лица.

Шефицата на градската администрација уште еднаш ги повика жителите да се воздржат од посета на места каде има масовно собирање луѓе и, доколку е можно, да не ги напуштаат своите домови навечер.

Јапонската Влада смета дека во моментов нема потреба од воведување вонредна состојба во земјата. Властите сметаат дека тоа што се случува не е втор бран на коронавирус кој се шири во земјата, но додаваат дека владината експертска комисија внимателно ќе ја следи ситуацијата.

Според најновите податоци, вкупниот број заразени лица во Јапонија од почетокот на епидемијата надминува 53.500, а бројот на починати изнесува 1.020. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот