Токио е најдобриот град за живеење во 2020 година

Луѓе пешачат во областа Кабукичо, една од најпознатите и најголемите улици која нуди богат ноќен живот и забавен репертоар / 09 април 2020, Токио, Јапонија / Фото: EPA-EFE/KIMIMASA MAYAMA

Во оваа 2020 година, концептот за најдобар град за живеење е променет…

Веќе не се зема предвид само забавата и културата, чистиот воздух и високата плата. Годинава, пред сѐ, најбитно беше – здравјето.

Списанието „Глобал фајненс”, традиционално, ја состави годишната листа најдобри градови за живеење во светот, врз основа на вообичаените параметри, но сега се зема предвид и бројот починати од Ковид-19 на милион жители, што се оценува со коефициент 3 заради приоритетност. 

Податоците се обезбедени од Универзитетот „Џон Хопкинс”.

Во таа смисла, Токио е на прво место, а европските Милано, Мадрид и Барселона се најдоа по 35. место… Скоро од првиот миг, кога вирусот излезе од границите на Кина, Јапонија ги затвори своите граници и објави дека ги одложува Олимписките игри, успевајќи истовремено и доста ефикасно да ги заштити своите граѓани, колку е тоа можно.

Следува списокот најдобри градови за живеење во 2020 година:

1. Токио, Јапонија

Токио

2. Лондон, Велика Британија

Лондон

3. Сингапур

Сингапур

4. Њујорк, САД

Њујорк

5. Мелбурн, Австралија

Мелбурн

6. Франкфурт, Германија

Франкфурт

7. Париз, Франција

Париз

8. Сеул, Јужна Кореја

Сеул

 

9. Берлин, Германија

Берлин

10. Сиднеј, Австралија

Сиднеј

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот