Токаев сака да го направи Казахстан „еден од најголемите дигитални центри во Евроазија“

„Казахстан има за цел да стане еден од најголемите дигитални центри во Евроазија“, рече претседателот на земјата, Касим-Жомарт Токаев, за време на претседавањето со пленарната седница на Советот на странски инвеститори, што се одржа истовремено со Меѓународниот форум во Астана.

Претседателот нагласи дека општите меѓународни нови концепти и капацитети, како што се вештачката интелигенција, блокчејнот, имтернетот и големите податоци, ја менуваат играта во земјоделството и финансиската индустрија.

– Дигитализацијата стана одлучувачки фактор за конкурентноста на цели земји и нации – нагласи Токајев.

По тој повод, казахстанскиот лидер потсети дека 62 земји неодамна едногласно го поддржаа формирањето на Центарот на Обединетите нации за дигитални решенија за одржлив развој на Централна Азија во Казахстан, сметајќи ја за една од најперспективните земји за дигитална благосостојба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот