„Тојота“ поради коронавирусот речиси ја преполови продажбата во месец април

Компанијата го стопираше производството во многу делови на светот, како резултат на мерките за спречување на ширењето на коронавирусот.

Водечкиот јапонски производител на автомобили „Тојота” во четвртокот објави дека продал 45,3 проценти помалку возила во месец април отколку во истиот период лани, заради намалена економска активност во времето на пандемијата со коронавирусот.

Продадени се вкупно 472.703 возила минатиот месец, вклучувајќи ги Daihatsu Motor и Hino Motor.

Производството е смалено за 51,1 процент, на 445.014 возила, покажува извештајот.

Компанијата го стопираше производството во многу делови на светот, како резултат на мерките за спречување на ширењето на коронавирусот. На крајот на март, компанијата повторно започна со работа во Кина и постепено го обновува производството во некои други земји.

Во тековната финансиска година која завршува во март 2021 година, тие очекуваат продажбата да падне за 14,9 проценти, на 8,9 милиони возила.

Во средината на месецот, проценија дека поради пандемијата на коронавирусот, нивниот профит во новата финансиска година ќе опадне за 79,5 проценти, на 500 милијарди јени (4,6 милијарди долари).

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот