Тојота ја победи ковид кризата

Фото: Википедиа

Јапонската автомобилска корпорација Тојота денеска објави дека нејзиното глобално производство се зголемило во октомври за 23 отсто, а глобалната продажба за 22,8 отсто на годишно ниво, благодарение на повлекувањето на негативните ефекти од пандемијата на коронавирус.

Со произведени 771.382 возила и продадени 832.373 примероци, најголемиот јапонски производител на автомобили ги надмина минатогодишните бројки трет последователен месец, објави Кјодо.

Производството на Тојота во Јапонија се зголемило за 33,7 отсто во споредба со претходната година на 203.149 возила, а во странство е зголемено за 19,5 отсто на 568.233 единици, при што нејзината кинеска фабрика забележала пораст од 18,4 отсто, а во Северна Америка од 16,2 отсто.

Домашната продажба, вклучително и мини возилата, порасна за 34,3 отсто на 113.723 единици, додека во странство е зголемена за 21,2 отсто на 718.650 возила. Податоците за производство и продажба во странство се рекордни за октомври, се вели во соопштението на компанијата, пренесува Танјуг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот