Тој во гроб однел многу тајни за СМРТТА НА ДАЈАНА: Ширел лаги за несреќата во Париз, сега познато и ЗОШТО (ФОТО+ВИДЕО)

Фото: Профимедиа

Сите се сеќаваме на 29 август 1997 – денот кога почина миленичката на глобалната сцена, бунтовната принцеза Дајана. Иако Кралското семејство се надеваше дека по разводот со Принцот Чарлс таа ќе се повлече, Дајана го направи сосема спротивното: од тој ослободувачки момент, принцезата всушност и почна да живее! Самостојна, добро облечена, во друштво на паметни луѓе и згодни мажи, никогаш попопуларна, принцезата буквално сјаеше и беше центар на вниманието каде и да се појавеше. Нејзината скромност, брутална искреност и статусот на прва разведена принцеза придонесоа сите да бидат заинтересирани за тоа што принцезата го мисли, кажува или ќе го направи следно, па славата стана толку голема, што принцезатата не можеше да „дише“ или да стигне од точка А до точка Б, од константното следење на папараците. Постоеја и фоторепортери кои го работеа само тоа, ја следеја насекаде, бидејќи таблоидите знаеја дека доколку имаат четиво за Дајана, тој ден ќе биде добар ден за нив. Кој фотограф ќе има најдобра фотка од Дајана за насловна, тој ќе добие најголем хонорар! Затоа и не беше воопшто чудно што светот буквално застана кога одекна веста за смртта на принцезата и нејзиниот љубовник Доди Ал-Фајед…

На 1 септември 1997, темнозелен хеликоптер полетал од Батерси, на брегот на Темза и нагло тргнал на југ, во правец на Париз.

Во леталото на таткото на Доди, Мухамед Ал-Фајед имало четворица мажи: шкотски патолог, американскиот адвокат на Ал-Фајед, неговиот шеф на обезбедување Џон Мекнамар и новинарот Том Боуер, кој за Дејли мејл открил како Мекнамар, бивши инспектор и шеф на одделението за измама на Скотланд јард, смислил како да го заштити својот работодавец и да ги уништи неговите непријатели.

„Тој ситен Шкот, кој личеше на ласица, беше мајстор на уцена, лажирање, корупција, а да не збориме за заканите за насилство“, рекол Боуен.

Мекнамар тргнал накај Париз за да ја прошири најсрамната лага – измислена приказна за тоа дека принцот Филип и МИ-6 се договориле да ги убијат Дајана и Доди, за да го спречат нивниот брак. Набргу потоа, Мекнамар ја проширил веста дека несреќата ја предизвикал мистериозен Фијат, уште една измислица која го обиколи светот, пишува Боуен.

Неговата цел била да ја сокрие вистината за несреќата во тунелот, каде парот загина.

Џон Мекнамар, кој починал минатата недела на 83 години, во гробот со себе понел многу тајни, но Боуен тврди дека видел доволно за да знае колку тој бил злобен.

– Мекнамар 28 години работел за Скотланд јард, а нивната неспособност да го приведат пред правдата е срамна, оценува Боуер.

За време на летот со хеликоптерот за Париз, биле разменети малку зборови, бидејќи смртта на Дајана ги погоди сите. Светот за прв пат беше сведок на колективна тага од таков размер: со денови, илјадници луѓе се собираа пред Кралската палата во Лондон и оставаа кадифени мечиња, цвеќиња, свеќи, транспаренти, фотографии и многу, многу солзи. Погребот на Дајана ги сруши рекордите на гледаност и на телевизиите…

Боуер тогаш бил близок со Мухамед Фајед, кој му дозволил да го интервјуира персоналот на неговиот хотел „Риц“ во Париз, каде Дијана и Доди биле непосредно пред сообраќајката.

Доди и Дијана престојувале во кралскиот апартман во „Риц“, но едвај чекале да преминат во станбениот блок блиску до Елисејските полиња, кои исто така биле во сопственост на Фајед.

Фото: Профимедиа

Еден од сведоците на телефонскиот разговор помеѓу Мухамед Фајед и неговиот син Доди потврдил за Боуен дека таткото му предложил на синот да го напушти хотелот со Дијана од задниот излез и да заминат за новиот престој за да се сокријат од папараците кои го опколиле хотелот.

Мекнамар, меѓутоа, не ни помислил да ја утврди вистината – или било која верзија на вистината која не би била добра за неговиот работодавец. Наместо тоа, тој тврдел дека љубовниците самите одлучиле да заминат во населбата на Фајед.

Мекнамар, исто така, побарал од два келнери да опишат како Доди купил веренички прстен во блиската златара, за да ја наговести нивната венчавка.

На крајот на интервјуто на Боуен со персоналот на „Риц“, Мекнамар влегол во собата и бил бесен.

„Очигледно го прислушкуваше мојот разговор со персоналот на хотелот“, рекол Боуен.

Мекнамар потоа инсистирал Боуен да интервјуира уште еден сведок, кој рекол дека возачот на автомобилот кој се судрил, Анри Пол, пред да тргне на кобниот пат „пиел само безалкохолен ликер од билки во барот“, за што подоцна се дознало дека не е вистина.

Мекнамар подоцна му рекол на Боуен дека не може да преноќи во „Риц“, туку во станот на Фајед.

Фото: Профимедиа

Боуен бил очаен што мора да го напушти местото, но по еден час се утешил, бидејќи во станот над него имало личност која ќе игра драгоцена улога во создавањето на веродостојна слика за тоа што се случувало помеѓу Доди и Дијана.

Рене Делорм, претходното лето бил слуга на Доди и поминал неколку дена со парот на јахтата на Фајед, „Џоникал“, додека таа била во Сен Тропе.

„Таа ноќ, Делорм ми кажа доволно за нивната љубов, за да ме увери дека верзијата на Мекнамар е лажна“, рекол Боуен.

Фото: Профимедиа

Делорм се сетил дека постоело тензија помеѓу нив двајца на јахтата, но дека неочекуваната одлука на Доди да останат во Париз уште повеќе ја налутила Дијана, бидејќи таа имала намера да помине време со синовите во Лондон, пред да се вратат на училиште.

Доди, како што подоцна тврдел неговиот татко, сакал тие двајца да останат во Париз за да може да купи веренички прстен, но Делорм му рекол на Боуен дека Дајана не била расположена да биде запросена, а не па да се согласи на брак.

Фото: Профимедиа

Бидејќи се вратил во Лондон и почнал да ја истражува биографијата на Фајед, Боуен се запрепастил кога сфатил дека Мекнамар со месеци, па дури и години по смртта на Дајана, одел низ Европа, барајќи сведоци и таканаречени експерти, за да го докаже апсурдното тврдење дека принцот Филип организирал заговор за убиство.

Тоа започнало така што тој обезбедил изјава на шкотскиот патолог, професорот Питер Ванезис, кој ја нарекол француската полиција „недоверлива“, бидејќи рекле дека нивото на алкохол во крвта на Анри Пол било три пати поголемо од дозволеното. Ванезис, кој бил во споменатиот хеликоптер за Париз, го изјавил тоа иако немал шанса да го прегледа телото на Анри, ниту да направи анализа на крвта.

Мекнамар потоа пробал да најде причина за судирот и почнал да тврди дека Дијана била трудна и дека тоа било мотивот за нејзиното убиство. Тој ангажирал француски полицаец да „докаже“ дека МИ-6 стои позади заговорот и дека агенцијата постапувала според упатствата на принцот Филип.

Потоа измислил приказна за бел „Фиат уно“ кој во тунелот намерно налетал на „Мерцедесот“, во кој биле Дијана и Доди.

Кога, „заблагодарувајќи се“ на истрагата на Мекнамар, бил „откриен“ автомобил од марката „Фијат уно“ и опишан како оружје со кое било извршено убиството, сите ја пренеле таа вест – и покрај тоа што возилото веќе било анализирано од француската полиција и отфрлено како причина за убиството.

Мекнамар во испрашување признал дека нема докази дека Дијана е жртва на злосторство, дека немал докази дека е бремена и дека нема докази против принцот Филип, туку дека лажел кога тврдел дека Анри Пол не пиел алкохол на таа вечер во „Риц“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот