ТОЈ СИ ЗНАЕ: Чави го знае „наследникот“ на Меси и Роналдо!

twitter.com/MikeBlaugrana88

Ја имаше таа „несреќа“ да игра во периодот во кој доминираа Лионел Меси и Кристијано Роналдо, па тој, но и Андрес Иниеста, и уште неколку фантастични фудбалери останаа без наградата за најдобар на светот.

Но, кариерата на големото дуо влегува во финишот, а Чави верува знае дека кој човек би можел да ги наследи на тронот како најдобри на светот.

Легендарниот играч за врска верува тоа би можел да биде фудбалерот на Манчестер сити, Рахим Стерлинг.

– Меси и Роналдо со години доминираа. За мене Меси е најдобар во историјата, иако двајцата сеуште се активни фудбалери, мора еден ден некој друг да се најде во нивните копачки. Кога ќе погледнете на играчите кои би можеле да бидат крунисани како најдобри на светот, секогаш ќе помислете на Нејмар, Мбапе, Салах. Сепак, моментно Стерлинг е пред сите. Секогаш беше добар играч, опасен, но и под водство на Пеп Гвардиола може да биде најдобар на светот. Уште е млад, резултатите се гледаат, но и има и одредени сегменти кои треба да ги поправи – сигурен е Чави.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот