„Тој што го сокривме од гласачите, стана вицепремиер“: Меџити вели дека Груби е „шампион за губење гласови“

Вечерва во преполнета сала на зградата на поранешниот Комитет во Куманово, високи функционери на Демократската унија за интеграција, познати како „Огнената група“ која бара од Али Ахмети да ги разреши вицеремиерот Артан Груби и министерот за надворешни работи Бујар Османи од Владата, одржаа средба со структурите на огранокот на ДУИ и граѓаните на Куманово.

Потпретседателот на ДУИ, Изет Меџити, организацискиот секретар на партијата Блерим Беџети, претседателот на Надзорниот совет Муса Џафери, како и Невзат Бејта и членови на високото раководство на партијата беа примени од огранокот на Куманово кои ги поканија на оваа средба токму за да се чуе нивниот глас и да ја изразат загриженоста и незадоволството на кумановци од состојбите во ДУИ и лошиот настап на извршната власт во последните две години.

Потпретседателот и пратеник на ДУИ, Изет Меџити, рече дека ова што се случува денес е „нов стандард во албанската политика“, што произлегува од западната демократија, каде што кандидатите конкурираат прво во нивните партии, а потоа се натпреваруваат со противничките партии.

„Во 2020 година, во екот на пандемијата, придонесовме да победиме на избори, му помогнавме на Али Ахмети и ДУИ, а во кампањата, според сугестиите на агенциите, не го кандидиравме Артан Груби никаде, бидејќи ни кажаа дека е шампион за губење гласови. По изборите се направи голема грешка, тој што го сокривме од гласачите, стана вицепремиер. Издржавме и молчевме поради членството на земјата во НАТО и поради Али Ахмети. Сега Артан Груби оди на состаноци каде повеќето се функционери и замислете зборува во име на евроинтеграциите, додека цело време се занимава со антиевропски методи, ја гуши дебатата, бега од одговорност и врши притисок врз администрацијата и оние кои се за промени“, рече Меџити.

Видео на денот