Тој се однесувал како чудовиште, таа се чувствувала како негов заложник: Извештајот на ФБИ открива ужасни детали од односот на Анџелина и Бред

Фото: Профимедиа

Како што пишува „Дејли мејл“, актерката Анџелина Џоли поднела обвинение против ФБИ под лажното име „Џејн До“ (името на женско лице чиј идентитет не е откриен) бидејќи агентите на американската разузнавачка служба одбиле да ја спроведат до крај истрагата против нејзиниот поранешен сопруг Бред Пит поради инцидентот што се случил во приватниот авион од 2016 година.

Актерката побарала објавување на документите на ФБИ врз основа на Законот за слобода на информации, а тоа барање го поднела пред 4 месеци, во април.

Анџелина Џоли и Бред Пит/ Фото: EPA/IAN LANGSDON

Да потсетиме, во извештај од 2016 година беше заклучено дека Бред Пит физички не ги малтретирал своите деца. Само четири дена подоцна, на 19 септември, Џоли поднесе барање за развод. Бред и Џоли беа во брак 11 години, а нивната битка за деца продолжува и денес.

Анџелина и Бред, кои не се заедно од 2016 година, имаат шест деца: синот Медокс (21), Пакс (18), ќерките Шајло (16), Захара (17) и близнаците Нокс и Вивиен (14). Анџелина има целосно старателство над децата од мај минатата година, но судијата од Калифорнија додели заедничко старателство повеќе од четири и пол години по почетокот на постапката. Во јули, судија на Врховниот суд во Лос Анџелес беше отстранет од случајот поради загриженоста дека бил пристрасен затоа што целосно не ги открил своите деловни односи со адвокатите на Бред Пит.

Овој настан доведе до промена на одлуката за старателство, враќајќи се на условите претходно договорени во ноември 2018 година, каде Анџелина Џоли има целосно старателство додека актерот има оодреден време за старателство. Како што пренесуваат странските медиуми, извори блиски до Анџелина Џоли веруваат дека актерката поднела тужба против ФБИ со цел да го привлече вниманието на јавноста за обвинувањата против Бред Пит, тврдејќи дека бараните информации ги имала веќе со години, пишува ТМЗ. Актерот беше ослободен во 2016 година, бидејќи „немало ни трошка доказ“ кои би ги поддржале тврдењата на Анџелина, изјави информиран извор.

Profimedia
Фото:Профимедиа

Бред Пит, наводно, и рекол на Анџелина Џоли дека едно од нејзините деца (Медокс) „изгледа како детето од „Колумбина“. Тој исто така, наводно и рекол на својата поранешна сопруга дека таа го уништува нивното семејство. Двојката се расправала во нивниот приватен авион, открива извештајот на ФБИ. Инаку, навредата упатена кон Медокс била поврзана со алузијата на масакрот во средното училиште „Колумбајн“ во 1999 година, кога учениците Ерик Харис и Дилан Клеболд убија 12 деца и еден наставник.

Наодите наведуваат дека Бред наводно и се заканувал на Анџелина и нивните деца на летот од Франција до Лос Анџелес на 14 септември 2016 година. Актерката тогаш наводно се здобила со повреди кои подоцна ги пријавила на агент, додека Пит негира дека ја нападнал Џоли. Актерката додала и дека во текот на летото имало тензија, и дека се чувствувала како заложник на Бред.

анџелина џоли медокс
Фото: Профимедиа

Пит наводно ја грабнал Анџелина и ја турнал до ѕид, а потоа се удрил во таванот на авионот и дувнал во дупка. Кога едно од нивните деца почнало да пцуе, Анџелина се нафрлила врз него за да го спречи физички да го нападне детето. Како што опишува Анџелина, Бред се однесувал како чудовиште и постојано се жалел на нивните деца. Таа исто така додала дека нејзиното семејство е во шок и не знае што да прави.

Анџелина Џоли и Бред Пит се во „војна“ веќе шест години: Таа нема да се откаже додека не пораснат децата

Бред Пит конечно доби заедничкото старателство над децата – Анџелина Џоли ја продолжува правната борба

Анџелина Џоли ја доби правната битка против поранешниот сопруг Бред Пит

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот