„Опасен фраер е!“: Марија Шерифовиќ откри кој е татко на нејзиниот син Марио

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Српската пејачка Марија Шерифовиќ кон крајот на минатата година стана мајка на синот Марио.

Синот на Марија го роди сурогат мајка во Америка, а таткото на малиот остана енигма сè досега, кога пејачката откри неколку информации за него.

Поп-ѕвездата гостувала во емисијата „Амиџи шоу“ кај Огњен Амиџиќ, каде поради вкрстените прашања се согласила да каже нешто за мажот на кој веројатно во иднина ќе личи Марио.

Врз основа на тизерот кој се појави на Инстаграм и изјавата на Марија, може да се заклучи дека ова е маж по кој многу жени копнеат.

– Опасен фраер, Европеец – рекла Марија, а потоа се осврнала на воспитувањето на наследникот.

– Ако стане доктор на науки, ќе живее на Беверли Хилс, ако стане автомеханичар, ќе му го купам целиот Тошин бунар. Така што јас сум еднакво среќна – порачала таа.

Инаку, Марија ја чуваше во тајност бременоста на сурогат мајката и информациите за таткото. Пејачката потпишала договор со кој се гарантира тајноста на податоците, па затоа не смее јавно да открива кој е таткото на детето, ниту пак, која е сурогат мајката која го донела нејзиниот син на свет.

Марија Шерифовиќ откри зошто доби дете преку сурогат-мајка: Неколку пати пробав да забременам…

Обожавателите ја критикуваа Марија Шерифовиќ дека му наштетува на синот, таа брутално им одговори: Немам нерви за ова…

Се случил инцидент: Марија Шерифовиќ го прекина новогодишниот настап во Зеница

 

 

 

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот