Тој ѝ соопшти на Југославија дека Тито умре: Не можев да се сетам ни на името на земјата

Пред точно 40 години на денешен ден почина доживотниот претседател на СФРЈ Јосип Броз Тито, а човекот кој таа вест ѝ ја соопшти на Југославија беше спикерот Миодраг Здравковиќ.

„Умре другарот Тито… Тоа вечерва го соопштија Централниот комитет на Сојузот на комунистите на Југославија и претседателството на Социјалистичката Федеративна Република Југославија на работничката класа, работниците и граѓаните, народите и народностите на Социјалистичка Федеративна Република Југославија… Наскоро ќе емитуваме извештај од седницата на претседателството на Централниот комитет на Сојузот на комунисти на Југославија“, изговори Здравковиќ на 4 мај 1980 година малку по 19 часот.

Здравковиќ во таа 1980-та година опишал како се чувствувал кога му била дадена страшната задача.

„На 14 февруари ми беше кажано да не се оддалечувам од Белград и постојано да бидам во врска со телевизијата, со својата редакција. Никој не ми кажа зошто, тоа го насетив читајќи го соопштението на докторите за здравствената состојба на претседателот“, се присетил Здравковиќ.

Прочитајте и...  Зошто треба да каснете овошје пред да одите во супермаркет?

„Не се сеќавам на моментот ни на точното време кога го добив соопштението што требаше да го прочитам. Во ходникот што води кон студиото доживеав уште едно изненадување.

Тука веќе беше филмската екипа која го снимаше тоа мое доаѓање и тоа некако ме пресече. На онаа полна мера одговорност и концентрација што ја имав, тоа додаде уште нешто, не знам точно што, ама чувствував дека е на видик најголемата криза“, рекол, додавајќи и дека не се сеќава како го прочитал текстот кој бил ставен пред него.

„Знам дека некако влегов во студиото, седнав и бев страшно задишан, како да сум трчал со километри. Ми пријде Милан Вукос, нашиот генерален директор уште еднаш да го погледне текстот и ми рече да ја допишам третата реченица, онаа „наскоро ќе“.

Прочитајте и...  Им светат очите од љубов: Игор Џамбазов и Илина повеќе не се кријат! (ФОТО)

Автоматски почнав да го пишувам тоа што го диктираше и наеднаш застанав – за момент не можев да се сетам како официјално се вика нашата земја. Тоа беа делови од секундата, а мене толку долги“, опишал спикерот Миодраг Здравковиќ, кој почина во 2017 година, на 90-годишна возраст.

Прочитај повеќе

Па, не ти требаат хеланки, гледаме се! (ВИДЕО)

Васко Спасоски

НБА ѕвездата слуша српска музика: Погледнете за која песна станува збор! (ВИДЕО)

Васко Спасоски

СВЕТ БЕЗ ЛУЃЕ: Што ќе се случува на Земјата кога човештвото ќе исчезне? (ВИДЕО)

Слободен печат.

Нема сепаре и скапо шампанско: Анастасија Ражнатовиќ го прослави роденденот скромно во домашна атмосфера! (ВИДЕО)

Васко Спасоски

Георгина на Кристијано влезе во базен и заборави да го облече долниот дел од бикинито? (ФОТО)

Васко Спасоски

Старлетата малку претера: За вакви бикини треба храброст и некако не е за помлади од 18 години! (ФОТО)

Васко Спасоски

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Детето кое најмногу ве лути, личи на вас! Изненадени?

Васко Спасоски

Зошто треба да каснете овошје пред да одите во супермаркет?

Слободен печат

Цеца Ражнатовиќ и Јована Јоксимовиќ се изнаиграа на прославата по повод Бајрам (ВИДЕО)

Васко Спасоски

Фасцинантна глетка: Наместо туристите, во цветањето на црешните уживаат елени (ВИДЕО)

Слободен печат

Им светат очите од љубов: Игор Џамбазов и Илина повеќе не се кријат! (ФОТО)

Васко Спасоски

Пијан печен компир (РЕЦЕПТ)

Слободен печат