Тодоров во игра за селекторското столче на Бугарија – Слободен печат
КошаркаСпорт

Тодоров во игра за селекторското столче на Бугарија

Александар Тодоров, поранешниот тренер на МЗТ Скопје и екс селекторот на Македонија, Јовица Арсиќ се меѓу четворицата кандидати за селектор на Бугарија.

Тренерот кој му ја донесе првата шампионска титула на МЗТ Скопје, Александар Тодоров е еден од четворицата кандидати за нов селектор на Бугарија.
Селекторското столче во бугарската репрезентација остана празно откако Љубомир Минчев одби да го продолжи договорот.

Според бугарските медиуми, Тодоров кој моментно е тренер на романската СЦМ Крајова, е еден од четворицата кандидати со кои челниците на Бугарската кошаркарска федерација планираат да разговараат.

Покрај Тодоров, останатите кандидати се и поранешниот селектор на Македонија, Јовица Арсиќ, тренерот на Рилски Спортист, Људмил Хаџисотиров, и тренерот на Левски Лукоил, Константин Тити Папазов кој е и фаворит за функцијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close