Тодоров со двајца тинејџери ќе брка победа над Италија

фото: КФСМ

Кошаркарската репрезентација на Македонија денеска (15.30 ч.) во Перм, Русија, ќе ги започне настапите на квалификацискиот турнир за пласман на Европското првенство кое е презакажано за 2022 година. Првиот противник на избраниците на селекторот Александар Тодоров ќе биде селекцијата на Италија која како еден од организаторите на Евробаскет 2022, има загарантирано учество на континенталниот собир.

Селекторот Александар Тодоров за денешниот дуел против Италија, во тимот ќе има и двајца тинејџери кои ќе имаат можност да дебитираат во сениорската репрезентација, 18-годишниот Андреј Митревски од ТФТ и екстра талентираниот 17-годишен центар на младиот тим на Барсеона, Теодор Симиќ.


Деби настап за националниот тим очекува и Дамјан Робев од Куманово кој исто така е меѓу 12. кошаркари кои ги избра Тодоров, исто како и Џејкоб Вајли кој го зазеде местото на Шејн Витингтон како натурализиран Американец.

Македонија досега во квалификациите за ЕП 2022 има одиграно само два натпревари кои ги загуби, од Естонија дома и на гости од Русија, а поради заболени од ковид-19, кошаркарите го прескокнаа претходниот кивалификациски турнир кој се играше во Талин, Естонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот