26 C
Скопје

Тодоров: Потребна е нова политичка опција

Време за нова политичка опција има, простор има, потреба има. Прашање е само дали ќе има и добра и сериозна понуда. Ако не се појави, јасно е дека една од нив – ВМРО или СДСМ – ќе биде власт, пишува поранешниот министер за здравство, Никола Тодоров во својата колумна на Дојче Веле.

Според него, последната анкета на МЦМС и ИДСЦС е најголем шамар за политичките партии, удрен од македонските граѓани.

„Сакам да се фокусирам на еден друг сегмент на анкетата кој се однесува на потребата од основање нов, сериозен политички субјект на македонската политичка сцена. Велам сериозен, затоа што видовме дека многу обиди имаше за ова во последниве две-три години, но и последните месеци, а сепак сѐ уште граѓаните не гледаат нов политички субјект во државава. А бараат. Бараат нов политички субјект неверојатни 51.9% од граѓаните, за разлика од 40.1% од граѓаните кои сметаат дека таков нов политички субјект не е потребен. Ова, преведено, значи дека сите партии на купче да се соберат, сосе сите нивни членови, поддржувачи и гласачи, се значително помалку од оние кои сметаат дека треба да се појави нов политички субјект различен од сите постојни. Ова е најголемиот шамар, една убава врела шлаканица директно во лицето на сите политички партии, удрена не од кој било, туку од македонските граѓани. Со други зборови граѓаните им порачаа на сите постојни партии дека се неспособни, неинвентивни, некорисни за државата, со повеќе мани и слабости од предности и доблести, со слаби лидери и лоши програми. И нормално, сите партии овој сегмент од анкетата сложно си го премолчеа“, пишува Тодоров.

За Тодоров, особено опасен податок од анкетата е тоа што 32.7% од оние кои би гласале за ВМРО, како алтернатива ја гледаат Евроазиската унија.

„Во бројки ова би значело дека ако околу 390 илјади гласачи гласаат за ВМРО на следните избори, околу 130 илјади гласачи сметаат дека наместо во ЕУ, иднината треба да си ја бараме во Евроазиската унија. Ова значи дека наместо сојузници и партнери да ни бидат Германија, Франција, Италија, Холандија, Шпанија и.т.н., партнери и сојузници да ни бидат Русија, Белорусија, Казахстан, Ерменија и Киргистан. Ова е многу опасен податок за гласачкото тело на најголемата опозициска партија, кој, по мене, ги одвраќа сите оние кои не се членови, туку се само поддржувачи на партијата, а кои се прозападно ориентирани. Веројатно и затоа околу половина од тие што би гласале за ВМРО сметаат дека треба да се појави нова политичка опција. Ова треба да запали црвен аларм кај раководството на партијата, без разлика што сме на неколку месеци пред предвремените парламентарни избори и да ја промени стратегијата „сите зрна во амбарот“ со стратегија која во „амбарот“ ќе ги прибере само оние кои вистински ги подржуваат стратешките определби на партијата која се оформи со цел да се бори против комунизмот чиј главен светски протагонист беше токму Русија“, пишува Тодоров во својата колумна.

 

Поврзани вести

Русија ја регистрираше еднокомпонентната вакцина Спутник лајт

МИА Агенција

Шилегов: Градските пари не се прелеваат на сметката на „Армор плус” за противпожарната скала, нема конфликт на интереси

Слободен печат

Кацарска за СП: Без рационален пристап Македонија и Бугарија нема да најдат решение

Синдикатот на полицијата во Македонија в сабота на протест

Слободен печат

Во штипското училиште „Гоце Делчев” се инвестираат речиси 20 милиони денари

Слободен печат

ВИДЕО | Заев: Ако може ЕУ да води кампања од јавен интерес, зошто да не може државата

Остави Коментар