Тодоров ќе биде новиот селектор на кошаркарите

Тодоров ќе биде наследникот на Јорданчо Давитков во кошаркарската репрезентација на Македонија. Преговорите помеѓу Тодоров и челниците на Кошаркарската репрезентација на Македонија се во напредна фаза и се очекува во наредниот период да биде и официјалната промоција.

Понудата на Федерацијата е договотот да трае до крајот на квалификациите за Евробаскет 2021 година, а доколку се оствари успех тогаш би се продолжил на дополнителни четири години.
Тодоров моментно е тренер на романскиот прволигаш Крајова, функција која би ја извршувал напоредно со селекторската.

Александар Тодоров во тренерската кариера ги има предводено Алумина, МЗТ Скопје на кого му ја донесе првата шампионска титула, Куманово, Вардар, Тоа сум јас, Чукурова, Рилски спортист, Балкан Ботевград, Динамо Букурешт, Пеќ и Левски Софија.

Македонија во квалификациите за Евробаскет 2021 се наоѓа во група со Италија, Русија и Естонија. Од трите преостанати селекции пласман на континенталниот собир ќе остварат две.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот