Тодоров ја „освежи“ репрезентацијата за стартот на квалификациите за ЕП 2021

Селекторот одлучи да ја подмлади репрезентацијата и на списокот се најдоа двајцата најталентирани македонски кошаркари, Андреј Јакимовски и Марко Миловановиќ.

Селекторот на кошаркарската репрезентација на Македонија, Александар Тодоров го објави скратениот список за натпреварите против Естонија и Русија на стартот од квалификациите за пласман на Европското првенство 2021 година.

Како што и најави на официјалната промоција, селекторот Александар Тодоров, одлучи да ја подмлади репрезентацијата и на списокот се најдоа двајцата најталентирани кошаркари, Андреј Јакимовски и Марко Миловановиќ.

Стартот на подготовките ќе биде во четврток, а кошаркарите на 20 февруари во Скопје ја пречекуваат Естонија, додека три дена подоцна и гостуваат на Русија во Перм.

СПИСОК НА ПОВИКАНИ КОШАРКАРИ
Војдан Стојановски (Гравелин-Данкерк-Франција)
Шејн Витингтон (Реал Бетис-Шпанија)
Стојан Ѓуроски (Евре-Франција)
Ненад Димитријевиќ (Хувентуд-Шпанија)
Андреј Јакимовски (РМ Баскет Торино–Италија)
Марко Миловановиќ (Јуви Кремона Баскет–Италија)
Андреј Магдевски (МЗТ Скопје Аеродром)
Андреј Маслинко (МЗТ Скопје Аеродром)
Бојан Крстевски (МЗТ Скопје Аеродром)
Дамјан Стојановски (МЗТ Скопје Аеродром)
Кристијан Николов (МЗТ Скопје Аеродром)
Љубомир Младеновски (Работнички-Скопје)
Виктор Ефремоски (Работнички-Скопје)
Филип Бакоч (Еуро Никел 2005–Кавадарци)
Марко Симоновски

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот