Тодоров ги има сите кошаркари на располагање, тренира и Димитријевиќ

фото: kfsm.mk/

Играчот на шпанскиот Хувентуд Бадалона импресионира сезонава во Еврокупот и заслужено доби репрезентативен повик за пласман на ЕП.

Со доаѓањето на младиот репрезентативец, селекторот Александар Тодоров ги има на располагање сите 15 кошаркари на кои смета во февруарскиот квалификациски циклус за пласман на ЕП 2021…

За пет дена во А1 Арената „Борис Трајковски“ – Скопје (20. февруари) со почеток од 20.15 часот македонската кошаркарска сениорска репрезентација против Естонија ќе ги започне квалификациите за пласман на наредното Европско првенство кое што ќе се одржи во четири држави: Чешка, Грузија, Италија и Германија.

После пауза од неколку години, Ненад Димитријевиќ е повторно со сениорскиот национален тим. Со оглед на тоа дека „работните обврски“ не му дадоа да се појави на првиот собир на националниот тим, младиот бек на Хувентуд вечерва им се приклучи на своите репрезентативни соиграчи, и го одработи првиот тренинг.

Повеќе информации околу влезниците за натпреварот Македонија-Естонија ТУКА

Го пречека а кој друг, ако не, неговиот омилен играч, и „водилката“ низ кошаркарскиот свет, Војдан Стојановски.

Капитенот му посака срдечно добредојде на својот, па слободно може да се каже наследник во дресот со националните обележја.

– Морам да бидам искрен и да кажам дека навистина сум возбудне што повторно сум дел од националниот тим. Што сум тука, среќен сум што ми се дава оваа шанса и подготвен сум да почнам – рече Димитријевиќ пред да почне вечерниот тренинг. За нас почетокот е натпреварот со Естонија. Мислам дека тоа ќе биде доста тежок меч. Дека тоа е еден сериозен противник. Знаеме дека се една „ран ен-ган“ екипа. Но убеден сум дека ќе се подготвиме добро и во четврток навечер да бидеме, што се вели, на 100%. Од порано се знам со оние „постарите“, јас би кажал поискусните играчи од нас, со кои бев во репрезентацијата пред неколку години. Со оние помладите се знам нели од оние младински категории. И мислам дека во овие денови кои се пред нас ќе се спремиме добро за она што нè чека во четврток, а и понатаму – беа зборовите на Димитријевиќ на сајтот на македонската кошаркарска федерација.

Играчот на шпанскиот Хувентуд Бадалона импресионира сезонава во Еврокупот и заслужено доби репрезентативен повик за пласман на ЕП.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот