Тодоров: Додека се подготвувавме во соблекувалната, ја дознавме лошата вест!

Фото: fiba.basketball

Ни претстои слободен ден, а потоа два натпревари во два дена кои ќе одлучат – порача селекторот Тодоров по поразот од Русија.

Четири порази имаме во квалификациската група за ЕП, но и натаму се одржуваат шансите за учество на континенталните собири.

Русија покажа дека моментно е посилна од нас, и сега сме принудени да одиме на две победи (а не една како што се предвидуваше пред патувањето за Перм), прво во недела против Италија, а ден подоцна и против Естонија, овој вториот со двоцифрена разлика.

Како најава за пресот, македонскиот селектор Александар Тодоров го потенцираше оној психолошки момент присутен во тимот откако имале прилика да ја видат играта и резултатот на првиот денешен меч во „балонот“ во Перм, во кој Естонија ја изненади Италија и се приближи до пласман на ЕП.

– Тешко беше да се сконцентрираме и психолошки да се подготвиме, не толку во однос на нашиот противник, колку што нè изненади првиот меч од денешната програма, меѓу Естонија и Италија. Мислевме дека одлучувачки ќе биде нашиот дуел со Естонија, но додека се подготвувавме во соблекувалната, ја дознавме лошата вест, дека ќе ни требаат две победи за да се пласираме на Европското првенство.

Николов: Нè стигна заморот, клучен момент беше скок-играта!

Втор важен момент беа скоковите, а трет повредата на Дамјан Стојановски поради што моравме да ротираме тројца кошаркари на таа позиција во преостанатите 36 минути. Противникот имаше 24 скока повеќе од нас, 17 само во првото полувреме кога ја оствари клучната разлика.

Без оглед на сè, мораме да ги кренеме главите и да продолжиме понатаму. Ни претстои слободен ден, а потоа два натпревари во два дена кои ќе одлучат. Играме за нашата земја и тоа е најголема мотивација што може да ја добиеме. За жал, лошо ги почнавме овие квалификации (против Естонија во Скопје н.з.) и сега поради еден лош натпревар го губиме целиот циклус – вели Тодоров.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот