Тодоров 14 дена во карантин, во последен момент ја напушти Романија!

фото: kfsm.mk

– Колку и да делува страшно, првите 7-8 дена поминаа навистина брзо, можеби и ми требаше еден таков период каде нема да правам ништо – вели Тодоров.

Селекторот на македонската машка сениорска репрезентација долго време „одолеваше“ на овие кризни денови. Практично, во последен момент ја напушти Романија и се врати дома во Македонија.

Но, со одредени последици, бидејќи новите законски мерки го примораа првиот месец по пристигнувањето да биде одвоен од светот, не само оној кошаркарскиот. Александар Тодоров беше 14 дена во карантин, сега уште толку ќе мора да ги помине во домашна изолација.

Во последен момент мораше да ја напушти Крајова и Романија и да се врати во Скопје, доби прашање дали тоа донесе дополнителни проблеми со транспортот, еве што одговори:

Не, немав големи проблеми со транспортот, имаше мал проблем поради тоа што граничниот премин каде влегувам во Србија беше затворен, па мораше да патувам преку Софија, маршрута која е подолга за околу два часа од таа низ Србија. Потоа во точно одредено време мораше да бидам на граничниот премин Деве Баир, од каде во конвој, со полициска придружба бевме однесени во карантин во хотелот „Ибис“ во центарот на Скопје – рече Тодоров.

Тој помина две недели 14 во карантин, еве како изгледаше тоа:

Правилата беа дека никој не смее да ја напушти собата во која е сместен. Храна и сè што е неопходно беше доставувано пред врата, па така тие 14 дена ги поминав во некои 15 метри квадратни. Колку и да делува страшно, првите 7-8 дена поминаа навистина брзо, можеби и ми требаше еден таков период каде нема да правам ништо. Но, последните денови поминуваа навистина бавно. Особено последниот, кога дури некаде после полноќ ми беше дозволено да заминам дома – додаде македонскиот кошаркарски селектор.

Целото интервју на Тодоров можете да го прочитате на официјалниот веб сајт на македонската кошаркарска федерација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот