Тодороска од Демократи: Народот е сопственик на државата, политичарите се минливи (ВИДЕО)

-Партијата е формирана пред две години. Ова ни се први избори на кои што самостојно одиме од една и единствена причина што сметаме дека оние што можеа да кажат или имаа што да кажат до сега покажаа и кажаа што можат. Нашите очекувања се дека ќе бидеме препознаени кај гласачите, од една единствена причина што до сега ние немавме можност, освен кај Вас (благодарност до Вашиот медиум) и на собранискиот канал, за поширока медиумска презентација.

-Ние немаме преголеми очекувања, но сме луѓе кои што се обидуваат да внесат свежина во тој политички простор, затоа што секој од нас е сериозно реализиран во областа во која што работи. Доколку граѓаните ценат дека треба да внесат нешто ново, нека гласаат за нас, изјави во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ Катерина Тодороска од партијата Демократи.

-Ние сме растоварени дали ќе влеземе или не во Собранието, а целта ние да се разбие мочурливата состојба во Собранието.

ТРЕТА ОПЦИЈА

-Овие две години ние ја поминавме Македонија и „уздуш и попреку“. Народот е крајно незадоволен и револтиран, но има и исклучителен страв кој ние со објаснување се обидуваме да го надминеме.

-Политичарите би требало да се плашат од народот а не обратно. Сите политички партии ќе видите дека нудат примамливи програми од 300-400 страни, додека ние направивме новитет – аудио програма, која би можеле да ја слушаат оние кои што не можат да ја гледаат. Народот еднаш засекогаш треба да сфати дека тој е оној кој што е сопственик на оваа држава – политичарите се листопадни, додека народот е зимзелен, вели Тодороска.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот