Точно 20 години од повредата која го шокира светот (ВИДЕО)

твитер

Многумина во него го гледаа најдобриот фудбалер на светот, но поради кобниот дриблинг, Роналдо никогаш повеќе не беше истиот.

Финале на италијанскиот куп, 12. април 2000 година, прв натпревар помеѓу Интер и Лацио, кога во 58. минута се случи моментот кој сите го чекаа на „Џузепе Меаца“.

При водство од 1:2 за Лацио, во игра влегува Луис Назарио де Лима Роналдо, фантастичниот Бразилец на кого ова му беше прв натпревар по операцијата на коленото.

Роналдо тогаш имаше 23 години и веќе беше најдобар фудбалер на светот, и уште тогаш многумина сметаа дека само небото е граница на феноменот.

За многумина Роналдо беше на добар пат да стане најдобар фудбалер во историјата, подобар и од Пеле и од Диего Марадона.

За жал, на тој 12. април, неговиот пат кон фудбалските височини тргна по надолен пат, само шест минути откако влезе во игра при еден негов традиционален дриблинг, го измести коленото и остана да лежи со болна гримаса на лицето.

Фудбалерите од двете екипи веднаш притрчаа да му помогнат на Роналдо, а беше испратен со овации и од навивачите на Интер и на Лацио.

Бидејќи во тие моменти беше најголема фудбалска ѕвезда, веднаш се дозна за тежината на повредата, таа беше далеку потешка од претходните.

Чуда не постојат. Ќе му бидат потребни барем осум месеци пред повторно да заигра, а дури и тогаш никој не може да прогнозира дека Роналдо повторно да заигра – изјави тогаш Жерар Саилан, докторот кој го оперира Роналдо.

Докторот Саилан беше песимист бидејќи Роналдо имаше долга историја на повреди на колената. Бразилецот имаше проблеми уште додека играше за ПСВ Ајндховен.

Неколку години подоцна, Бернадињо Санти, координаторот за антидопинг во Бразилската фудбалска федерација, го обвини ПСВ Ајдховен за сите проблеми со повредите на Роналди.

За се е крив ПСВ. Му даваа анаболички супстанци додека беше дете. Резултат на тоа беше неговата мускулатура да биде некомпатибилна со коските – изјави Санти.

Откако се врати на терените, во ноември 2001 година, тој повеќе не беше оној стариот Роналдо од настапите во Барселона и во Интер иако со Реал Мадрид триумфира во Лигата на шампионите, додека со репрезентацијата на Бразил триумфира на Светското првенство 2002 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот