Тоа што Харден го игра не е кошарка

EPA/LARRY W. SMITH CORBIS

Хјустон рокетс оствари убедлив триумф од 32 поени разлика (135:103) против ЛА Клиперс, а учинокот на Харден беше 31 поен и по седум асистенции и скокови. Сепак, иако сите му се воодушевуваат на Харден, има и некои кои имаат големи замерки на неговиот стил на игра. Еден од нив е Дон Меклин, поранешен НБА кошаркар, а сега коментатор на натпреварите на ЛА Клиперс.

„Некако чувствувам дека овој стил, ова што Харден го прави е манипулација на некој начин. Мојата единствена мисла е дека гледам нешто што не е кошарка“, рече Меклин во текот на преносот.

Џејмс Харден е најдобар стрелец во НБА лигата со просечни 36.3 поени по натпревар, а има и 6.5 скокови и 7.5 асистенции. Педантните статистичари во САД пресметале дека дури 48.8 проценти од поседот на топката во рацете на Харден се игра „еден на еден“ и тој најчесто акциите ги завршува со контроверзниот степ-бек шут.

– Не сум љубител на таквата игра, таа не носи титули. За мене кошарката претставува движење на играчите, на топката, креирање на акции, а не само играчот да ја пренесе топката од својата половина и постојано игра „еден на еден – рече Меклин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот