ТОА СЕ ЧЕКАШЕ: Модриќ ги изненади фановите на Реал Мадрид!

twitter.com/realmadriden

Хрватскиот фудбалер на тој начин ги смири загрижените фанови на неговата екипа Реал Мадрид, бидејќи за помалку од две недели „кралскиот“ клуб треба да гостува против Барселона во традиционалното „Ел Класико“.

– Вилсон ме удри со коленото, се надевам дека не е ништо сериозно. Контузијата боли, уште е свежа повредата, но ќе видиме како ќе биде за некој ден. Мислам дека не е тешка повредата. Не знам што ќе кажат од Реал, верувам дека нема долго да бидам надвор од теренот, верувам дека не е сериозно – рече Модриќ.

Според најавите нема да игра во наредното коло од најсилниот шпански шампионат против Мајорка на македонскиот репрезентативец Александар Трајковски.

Но, потоа би настапил против турскиот тим на Галатасарај во фудбалската Лига на шампионите и Барса во „Ел Класико”.

Во рамките од 10. коло во „Ла Лига“ на „Камп Ноу“ на 26 октомври со почеток од 13.00 часот силите ќе ги одмерат Барселона и Реал Мадрид.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот