Тоа е собир на „артанисти“: Меџити за најавениот митинг во Чаир, на кој доаѓа и Ахмети

Фото: Изет Меџити / Фејсбук

Потпретседателот на ДУИ и неформален предводник на т.н. „огнена група“ од незадоволни функционери на партијата, Изет Меџити, во изјава за телевизијата „21“ го коментираше собирот најавен за неделава во Чаир од кабинетот на Артан Груби, на кој, според најавите, ќе присуствува и партискиот лидер Али Ахмети.

За овој настан, Меџити вели дека „се води кампања со парите на Албанците“, а тоа е обид на Груби да се оправда незаслужена позиција што ја зазема. Тој обвини дека на митингот ќе се носат луѓе од други градови и дека „артанистите“, како што ги нарекува, ги „тероризирале“ вработените во администрацијата со условување да се појават на собирот.

„Не сме поканети. Тоа е собир на артанисти. Ја тероризираа јавната и државната администрација, добиваат списоци со закани кој ќе учествува. Ќе се носат од сите градови, секаде“, вели Меџити во писмена реакција која ја објави телевизијата.

Како што беше најавено, во понеделник во салата „Шабан Трстена“ во Чаир, Груби во својство на вицепремиер ќе одржи собир на кој ќе присуствува партискиот лидер Ахмети.

Настанот се случува само една недела откако Ахмети го постави Бујар Османи, еден од функционерите од кои „огнените“ бараат оставка, за координатор на ДУИ во Чаир, што наиде на остра реакција од Меџити, чијшто долгогодишен бастион е скопската населба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот