„Тоа е шоу со шест кретени“: Аца Лукас со тешки зборови удри по „Ѕвездите на Гранд“ и откри зошто го напуштил жирито

Instagram
Аца Лукас / Фото: Принтскрин/Инстаграм

Аца Лукас зборуваше и за договорите што се потпишуваат со „Гранд“

Познатиот балкански пејач Аца Лукас беше еден од членовите на жирито на популарниот музички натпревар „Ѕвезддите на Гранд“, а сега ја откри и причината зошто го напуштил ова шоу.

Тој откри што мисли за жирито, кој натпреварувач е „единствен што стана популарен по натпреварот“, како и каков тип на договори потпишуваат конкурентите.

Instagram
Фото: Инстаграм

„Го напуштив жирито поради многу причини. Една е дека сум презаситен, а другата е дека идејата во која верував, повеќе не постои. Оние деца кои дојдоа добија убава приказна, да се појават на телевизија, по само три настапи да станат популарни, тоа не беше така во моето време, ниту пред мене. Некои можеа да станат поголеми sвезди ако „Гранд“ сакаше да ги следи „како што треба“. Од „Ѕвездите на Гранд“ единствена што успеа да направи вистинска кариера е Милица Павловиќ. Намерно ја изоставив Тања Савиќ, бидејќи таа можеше да биде најпопуларната пејачка во оваа земја доколку беше поддржана“, изјави Лукас, а потоа се осврна и на начинот на судењето во популарниот музички натпревар.

„Во ‘Гранд’ беше „потпиши го договорот, половина за мене, половина за тебе, па нека биде илјада евра, па 500, а може да биде и 15.000 евра…“. Но, ајде, не сакав да се мешам, јас не сум тој што учествува во натпреварот… ама потоа ние шестмина од жирито станавме главна тема во тоа шоу, а всушност бевме само шест кловнови кои се смеат, и никој не се сеќава на тие деца. Тоа е претстава со шест кретени, вклучително и јас, шест кловнови кои изведуваат некакви „фори“ и тие деца веќе не се ни така важни. Сега вниманието е насочено кон жирито. Се расправаа со некоја девојка и тоа беше покриено од медиумите. Додека бев во жирито, шоуто беше смешно, а сега има само викање, скокање наоколу… Во жирито има луѓе за кои немам добро мислење, но нема сега да ги споменам. Излегов од жирито и натпреварот бидејќи јас никогаш нема да им наплаќам на децата за совети, да знаете дека го има и тоа, и навистина е лигаво“, тврди Аца Лукас во последното гостување во емисијата „Десетка“, а пренесува српски Мондо.

ФОТО | Марија Груевска: Паниката која минатата недела се создаде на „Ѕвездите на Гранд“ има цена – 150 евра!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот