„Тоа беше ужасна песна“: Тина Тарнер го мразела својот најголем хит

Легендарната Тина Тарнер, која ќе остане запаметена како „Кралица на рокенролот“, остави голем број безвременски хитови зад себе. Сепак, постои една песна која не ѝ била омилена, иако ѝ беше меѓу оние кои ја одбележаа нејзината кариера.
Имено, во нејзиниот документарец „Tina“, снимен во 2021 година, Тарнер откри дека не ѝ се допаѓа песната „What’s Love Got to Do with It?“, која се најде на нејзиниот петти студиски албум „Private Dancer“ (1984) и ѝ ја донесе престижната музичка награда Греми.
„Тоа беше ужасна, ужасна песна. Јас бев рокерка, а тоа беше поп-песна“, изјави пејачката во документарецот.
Нејзиниот менаџер во тоа време, Роџер Дејвис бил воодушевен од песната и бил убеден дека ќе стане голем хит, нешто што навистина се случило.
„Јас ја променив таа песна и ја направив своја“, појасни „кралицата на рокенролот“.
„What’s Love Got to Do with It?“ стигна до првото место на топ-листата на „Билборд“ и освои три Греми награди – снимка на годината, песна на годината и најдобра женска поп изведба.
Повеќе текстови за Тина Тарнер:
Во чест на незаборавната Тина Тарнер – Десет хитови што сите ги сакаме
НАСА спектакуларно ја испрати Тина Тарнер меѓу ѕвездите
Последната објава на Тина Тарнер ги растажи сите: Се доведов во голема опасност…