„ТНТ“ почна од почеток, на Груевски пак му се суди во отсуство

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

На денешното рочиште дојде и обвинетиот Тони Трајковски кој го извести судот дека на рочиштето дошол сам, односно не бил стражарно спроведен, а не добил ниту покана од судот за денешното рочиште.

Огнен Ставрев, судија во предметот “ТНТ” денеска соопшти дека поради измени во поротничките редови на судечкиот совет, предметот започнува од почеток. Судот се согласи барањето на обвинителот Бурим Рустеми, на избеганиот екс премиер и обвинет во овој случај Никола Груевски да му се суди во отсуство.

На денешното рочиште дојде и обвинетиот Тони Трајковски кој го извести судот дека на рочиштето дошол сам, односно не бил стражарно спроведен, а не добил ниту покана од судот за денешното рочиште.

Тој на претходните рочишта не можеше да дојде, бидејќи, преку неговиот адвокат го извести судот дека бил претепан и болнички згрижен.

– Сакам адвокатот да даде податоци во мое име бидејќи имам лекарска препорака која ви е доставена и поради медицинска терапија не можам да присуствувам на рочиштето – рече Трајковски.

Судијата Огнен Ставрев рече дека од тоа што тој се разбира во медицина, во медицинската документација немало напишано ништо страшно, на што реагираше одбраната на обвинетиот тврдејќи дека од медицински аспект тој не е во можност да даде своја одбрана.

Предметот го води судијата Огнен Ставрев, а застапник на обвинението е Бурим Рустеми од ОЈО. За делото обвинети се повеќе лица меѓу кои екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и тогашниот градоначалник на Општина Гази Баба Тони Трајковски, додека во отсуство му се суди на поранешниот премиер Никола Груевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот