Подрачјето на Петриња во Хрватска утрово го погоди уште еден во низата земјотреси. Според првичните податоци на Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ), магнитудата на потресот била со јачина од 3,6 степени по Рихтеровата скала и со епицентар на три километри југозападно од Сисак.
Според тврдења на очевидци, потресот бил прилично силен, поради што многумина во страв излегоа на улиците, пренесуваат хрватските медиуми.