„Тивок масакр“ во италијанските домови за стари лица

Од почеток на кризата, илјадници стари граѓани во Италија и ширум Европа заболеле во домовите за стари лица, кои воедно станаа и жаришта за епидемијата.

Извештаите кои ги направиле експерти од лондонското училиште за економија откриле дека во Италија, Франција, Ирска, Шпанија и Белгија меѓу 42 и 57 отсто од смртните случаи на коронавирусот се случиле во домови за стари лица, пренесува бриселски Политико.

Заради тоа во Италија почнале таа појава да ја нарекуваат „тивок масакр“.

Адвокатот Ромоло Ребоа рекол дека во Милано најмалку 20 фамилии подигнале тужба против домот „Дон Гночи“, тврдејќи дека раководството на Домот не управувало добро со кризата.