Тивок бунт во Франција: Угостителите на празни маси и со положени униформи ги сервираа своите барања
Францускиот премиер Едуар Филип во четврток ќе објави кои мерки се ублажуваат, но не е познато дали тоа ќе значи и повторно отворање на ресторани и кафулиња.
Сопственици на ресторани, барови и хотели ширум Франција поставија денеска празни маси и облека за готвачи пред своите објекти во знак на протест против продолжените рестриктивни мерки и побараа дополнителна помош од државата.
– Тажно е што рестораните и баровите не се отворени, тие се дел од нашиот живот и култура, рече сопственикот на три ресторани Ороре Бежи на протестниот собир кај Мостот Александар Трети на Сена.
Францускиот премиер Едуар Филип во четврток ќе објави кои мерки се ублажуваат, но не е познато дали тоа ќе значи и повторно отворање на ресторани и кафулиња, посебно во жариштата на епидемијата како што е Париз.
Од француската влада одбија да дадат коментар пред обраќањето на премиерот.
Сопствениците на ресторани признаваат дека државната помош им помогнала да преживеат во текот на пандемијата, посебно кога станува збор за принудни одмори на околу милион работници во угостителската индустрија, но наведуваат дека тоа не е доволно.
Во заедничкото соопштение 11 здруженија ја повикаа владата да се откаже од социјалната помош за 2020 година и да продожи да дава за принуден одмор додека правилата за социјално дистанциарање ги спречуваат рестораните да работат со полн капацитет.
Тие исто така ги повикуваат телекомуникациските компании и комуналните фирми да ги намалат трошоците и бараат од општините да обезбедат повеќе места во јавниот сектор во замена за ограничениот простор во објектите поради задолжитеното социјално дистанцирање.