Тивката војна во Реал Мадрид продолжува, Зидан бара едно, Перез сака други засилувања

EPA-EFE/FERNANDO ALVARADO

Зинедин Зидан не се откажува од идејата Пол Погба да го облече „кралскиот“ дрес и инсистира трансферот да се реализира во јануари идната година. Во текот на летниот преоден рок, Зидан бараше од својот претседател да му ја исполни желбата, но Перез остана на своето и не се вклучи во „операцијата“ за негов ангажман.

Флорентино Перез смета дека Погба не му е потребен на Реал Мадрид бидејќи не сака да соработува со менаџерот на фудбалерот, Мино Рајола, доколку не е неопходно. Згора на тоа Перез не е подготвен да издвои повеќе од 100 милиони евра за фудбалерот на Манчестер јунајтед.

Тој смета дека во моментов има најмалку три опции кои се подобри од Погба.
Првата е Кристијан Ериксен кој во зимскиот преоден рок би пристигнал на „Сантијаго Бернабеу“ за не повеќе од 50 милиони евра бидејќи договорот му истекува на крајот од сезоната. Иако Перез инсистира на негов трансфер, тренерот не го цени Ериксен и смета дека не може да помогне да се подобри играта на Реал Мадрид.

Перез исто така смета дека не треба во јануари да се трошат пари за засилувања во средниот ред и планира да причека да заврши сезоната за да тргне по играчот на Ајакс и на холандската репрезентација, Дони Ван де Бек. Младиот Холанѓанец минатата сезона го сврте вниманието кон себе, а весникот „Ас“ шпекулираше дека фудбалерот има преддоговор со Реал Мадрид идното лето за сума од околу 60 милиони евра да се пресели во шпанскиот тим.

Третото име во нотесот на Перез е тоа на Фабијан Руиз од Наполи кој не сака да го продолжи договорот со италијанскиот тим.

Претседателот на „кралевите“ денеска ја демантираше информацијата дека му нудел на Мурињо 12 милиони евра да не ја прифати понудата на Тотенхем и да почека до лето, што е знак дека Зидан би можел да ја напушти клупата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот