Титулите на Мастерсот во Индијан Велс за Нори и Бадоса

Нори и Бадоса ги освоија првите Мастерс титули во кариерата/фото: EPA-EFE

Камерон Нори во машка и Паула Бадоса во женска конкуренција се победници на Мастерсот во Индијан Велс.

Британскиот тенисер со пресврт во финалето славеше над Николас Басилашвили од Грузија и тоа со 3:6,6:4,6:1.

Нори кој во финалето важеше за фаворит, одлично го започна мечот и направи брејк во третиот гем. Потоа зголеми на 3:1, во остатокот од сетот помина во доминација на Басилашвили кој освои 20 од наредните 25 поени и со серија од пет освоени гемови по ред, поведе со 1:0 во сетови.

Грузиецот на стартот од вториот сет направи брејк за водство од 1:2 и изгледаше дека сигурно чекори кон титулата, но така не мислеше Камерон Нори.

Британецот веднаш направи рибрејк и потоа во десеттиот гем уште еднаш го одзеде сервисот на противникот и мечот го однесе во одлучувачкиот трет сет.
Во него целосно доминираше Нори кој на противникот му препушти само еден гем и дојде до првата Мастерс титула.

Во женска конкуренција нова шампионка е Паула Бадоса која во финалето по голема борба ја совлада Викторија Азаренка во три сета и тоа со 7:6,2:6,7:6. Ова е втор триумф за Бадоса во кариерата, а прв пат го крева шампионскиот пехар на Мастерс турнирите.


Првиот сет помина без брејк на ниту една од тенисерките по што во тај-брејкот подобра беше Шпанката и поведе со 1:0 во сетови.
Азаренка возврати во вториот сет со одлична игра и славеше со 2:6 и мечот го однесе во третиот сет.

Во одлучувачкиот сет, Азаренка направи брејк во деветтиот гем и поведе со 4:5, а потоа поведе и со 0:30 на свој сервис, но тука застана и ѝ дозволи на противничката да освои четири поени по ред и веднаш да направи рибрејк. Потоа двете тенисерки беа сигурни на свој сервис и мечот го однесоа во одлучувачки тај-брејк во кој Шпанката поведе со 3:0 и предноста ја задржа до крајот за прва Мастерс титула во кариерата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот