Титулата во Акапулко за Зверев

epa09087341 German tennis player Alexander Zverev raises the champion's trophy after defeating Greek Stefanos Tsitsipas in the final game of ATP 500 Mexican Open tennis tournament in Acapulco, Mexico, 20 March 2021. Zverev won 6-4 and 7-6(3). EPA-EFE/David Guzman

Вториот носител Александер Зверев го совлада Стефанос Циципас во два сета во финалето на турнирот во Акапулко и ја освои 14. титула во кариерата.
Зверев триумфираше во два сета и тоа со 6:4,7;6, но и двата сета беа исполнети со возбудувања.
Во првиот сет, Циципас имаше водство до 4:1 во гемови и три брејк топки во шестиот гем, но германскиот тенисер успеа да се спаси и да освои дури пет гема во серија со кои дојде до водство од 1:0 во сетови.

Во вториот сет, Циципас успеа да спаси брејк топки на почетокот, но потоа во деветтиот гем го загуби сервисот. Но, во наредниот гем, на сервис на Циципас, Гркот прво спаси меч топка, а потоа направи и брејк со што потоа успеа да го однесе сетот во тај брејкот. Во него, доминираше Зверев и на краот славеше со 7:3.
– Отсекогаш говорев дека ова е турнирот кој сакам да го освојам. Имам силни врски со Мексико – изјави Зверев по освојување на титулата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот