Титулата се решава во Битола: Е. Пелистер против Вардар 1961

И следната сезона бројот на странци ќе изнесува осум/Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Денеска со почеток од 19.00 часот во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола ќе се одигра најважниот натпревар во македонската ракометна лига помеѓу Е. Пелистер и Вардар 1961.

Играчите на Жељко Бабиќ се во „пол-позиција“ бидејќи моментно се на првото место на табелата со 22 бодови, два повеќе од второпласираните скопски „црвено-црни“ предводени од Давид Дејвис.

Овие два тима играа на 26 март во Скопје кога триумфираше битолската екипа со 23:24.

Се најавува спектакл, ќе грми во салата „Боро Чурлевски“, домаќините ќе имаат огромна поддршка на патот да дојде до шампионскиот трофеј.

Последен пат Пелистер беше шампион на Македонија во натпреварувачката сезона 2004/2005, севкупно има шест титули во својата историја. Од друга страна Вардар е најтрофеен, досега има 14 титули.

Ќе има фан-зона (ќе се одржи без разлика на временските услови) на РК Е. Пелистер, со почеток од 14.00 часот – плато на Офицерски дом – Битола.

Организаторите РК Е. Пелистер, Општина Битола и ЈОУ Културен и информативен центар Битола подготвуваат голем ракометен хепенинг и отворена фан-зона.

* вкусна храна и ладно пиво
* забавно музичка програма и настапи во живо

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот