Титула после три години, Вилијамс ги донираше парите за помош на Австралија

фото: твитер

Серена Вилијамс од јануари 2017 и победата во финалето на Австралија Опен, една од најдобрите тенисерки на сите времиња загуби на пет финални мечеви…

Американската тенисерка ја совлада сонародничката Џесика Пегула во финалето на турнирот во Оукленд и на тој начин дојде до првата ВТА титула после три години.

Серена Вилијамс од јануари 2017 и победата во финалето на Австралија Опен, една од најдобрите тенисерки на сите времиња загуби на пет финални мечеви, што е нејзина најголема низа на порази во одлучувачките мечеви.

Но, но доцна синоќа дојде крајот на таа низа, во Нов Зеланд триумфираше против 82. тенисерка на светот со резултат 6:3 и 6:4. Тоа е вкупно 73. титула во кариерата за Серена Вилијамс.

После триумфот таа изјави дека комплетната заработка (од 43.000 долари) ќе ги донира до организациите кои се борат против пожарите во Австралија.

Исто така, на аукција ќе ја продаде секоја облека која ја носеше на турнирот, а заработените пари воедно ќе ги донира и во хуманитарни цели.

– Помина долго време…Се чувствувам среќно и благословенио што сум здрава и можам да играм. Мило ми е што повторно можам да го работам тоа што најмногу го сакам – рече Вилијамс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот