Тито обожаваше вицеви, посебно оние „забранетите“, а овој за Русите му беше омилен!

Во минатото можеа да се прочитаат многу вицеви за Јосип Броз Тито и поранешна Југославија, но имаше и еден кој и самиот маршал многу сакаше да го кажува, посебно кога имаше контакт со Русите.

Јосип Броз Тито беше познат како човек со добра смисла за хумор, сакаше да се смее, шегува, па дури и на своја сметка.

За ова посебно зборуваше легендарниот Велимир Бата Живојиновиќ, кој на Тито му беше омилен од домашните актери и кој со Тито помина многу весели денови и кафански вечери.

Бата потоа раскажа дека Тито барал да слуша вицови за себеси, посебно оние „забранетите“, односно оние кои доколку бидат кажани надвор од резиденцијата на претседателот автоматски значеа „летување на Голиот остров“.

Од друга страна, и Тито сакаше да раскажува вицеви, па така еден од нив му беше посебно драг, а станува збор за шега за Русите.

Во продолжение прочитајте го вицот:

Зборуваат тројца затвореници во некој руски логор.

– Јас сум осуден бидејќи го фалев другарот Попов – раскажува првиот.

– А јас заглавив затоа што го критикував другарот Попов – се жали вториот.

– А кој е твојот грев? – го прашуваат третиот.

– Јас сум другарот Попов! – одговара тој.

Според тведњата на поединечни медиуми, Тито во една прилика овој виц му го раскажал и самиот Никита Хрушчов, претседателот на Советскиот Сојуз, а колку на него тоа навистина му било смешно останува отворено прашање. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот