Тито и Трамп имаат нешто ЗАЕДНИЧКО: Двајцата користеле една работа, а еве за ШТО СЕ РАБОТИ (ВИДЕО)

Боинг 727 е еден од најчестите авиони во светот, а направени се скоро 2.000 за малку повеќе од две децении.

Последниот комерцијален патнички лет бил извршен во јануари оваа година. Како што е популарен во авио-компаниите, така е и меѓу приватните сопственици.

Веројатно и најпознатиот денешен сопственик е американскиот претседател Доналд Трамп, но многу поинтересен факт е дека своевремено и Јосип Броз Тито користел дури два такви авиони. Тие носеле регистарски ознаки „YU-AKH“ и „YU-AKD“.

Двата биле направени во 1975 година кога југословенската власт ги презела за користење. Службено биле дел од авиотранспортот на Југославија, но двата имале и цивилен и воен регистарски број. Биле купени два идентични авиони, за авионот „YU-AKH“ да полета околу половина час пред вториот авион, кој го носел екипажот и опремата, но и за да служи како извидник за времето. При летот заради безбедносни причини авионите го менувале распоредот, за да не се знае во кое летало бил Тито.

Меѓу последните летови на Тито, било заминувањето во Хавана при крај на 1979 година, на Самитот на неврзаните, каде според американскиот магазин Тајм, тој водел голема битка со Фидел Кастро за самото движење.

„Кога Јосип Броз Тито (87), голем старец за глобална неутралност, стигна со авионот Боинг 727 во хаванското воздушно пристаниште Хозе Мартиа, грубо беше гушнат од неговиот домаќин, кубанскиот претседател Фидел Кастро, неуморниот борец во импорт-експорт револуцијата. Тоа не беше пријателски, како што го правеа двајцата лидери во минатото. Сега се спремаа за жестока пресметка за правецот и водењето на движењето“, ја опишале Тајм таа средба.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот