„Титаник” на СЈО продолжува во среда – Слободен печат
Некатегоризирано

„Титаник” на СЈО продолжува во среда

Предметот го води судијата Осман Шабани и се наоѓа во доказна постапка. Досега се изведени околу 4.700 од над 5.900 предложени материјални докази од СЈО.

Судењето за изборни нерегуларности „Титаник” на Специјалното јавно обвинителство продолжува во среда, откако денеска во Основниот кривичен суд се одржа првото рочиште по едномесечната судска ферија.

Предметот го води судијата Осман Шабани и се наоѓа во доказна постапка. Досега се изведени околу 4.700 од над 5.900 предложени материјални докази од СЈО.

Застапникот на обвинението Лиле Стефановска, која беше спомната и во снимките за случајот „Рекет” што ги објави италијанскиот весник „Ла Верита”, присуствуваше на денешното рочиште, но не даде изјава за медиумите. Таа е повикана утре во Јавното обвинителство да даде исказ за случајот „Рекет”.

На крајот од денешното рочиште, обвинетиот Едмонд Темелко го извести судот дека на 14, 15 и 16 август ќе биде на лекување во Корча и нема да може да присуствува на следното рочиште. Судијата Шабани, посочи дека, за тоа мора да го извести судот со писмен поднесок.

Освен поранешниот премиер Никола Груевски кој е во бегство, во Титаник обвинети се и Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристоски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашјаковска.

Тие се осомничени за злосторничко здтужување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање избкрна кампања.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close