ТИРЗ: Извоз од 250 милиони евра во јануари, раст од 8 проценти во однос на декември

Фото: Архива

Компаниите активни во Технолошко индустриските развојни зони (ТИРЗ) во јануари годинава имаат извоз од речиси 250 милиони евра, што е за осум проценти повеќе споредено со декември 2021, што покажува дека трендот на раст и позитивни економски активности продолжува и годинава. Редовната месечна анализа на ТИРЗ покажува дека извозот во јануари е на исто ниво со јануари 2021 година, а за 31 процент повеќе од јануари 2020 година, односно за четири проценти повеќе споредено првиот месец од 2019 година.

-Кај увозот во јануари е регистриран пад од 15 проценти во однос на декември, што според првичните анализи се должи на складирање залихи кај компаниите во изминатиот период. Увозот кај компаниите во зоните во јануари е 204 милиони евра, што е и за 17 проценти помалку во однос на јануари минатата година, но за 33 проценти повисок споредено со јануари 2020, односно 6,5 проценти во однос на јануари 2019, информираа денеска од Дирекцијата за ТИРЗ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот