Тирана повторно ќе протестира: Баша уште еднаш го повика народот да излезе на улица

Фото: Принтскрин

Лидерот на опизициската демократска партија во Албанија, Љуљазим Баша, повторно го повика народот на протести, порачувајќи дека „очите на целиот свет денеска се насочени од Албанија за да се види како ќе се реши кризата“.

– Дури и по неговото заминување, на Албанија ќе и бидат потребни многу напори за искоренување на криминалниот модел што тој го инсталира во Албанија и за лекување на раните од корупцијата. Очите на светот се вперени кон нас за да се види како ние како земја, како обединета нација околу вредностите, ќе ја решиме оваа криза. Чистењето на нашиот политички систем и еднаш засекогаш отстранување на криминалното водство на владата е надеж и најсигурен начин за Албанија која им припаѓа на сите свои граѓани – изјави Баша.

Осмиот „национален протест“ на обединетата албанска опозиција закажан е за утре во 19 часот пред Владата во Тирана.

– Го повикувам секој граѓанин кој посакува ослободување на Албанија од криминалот и дрогата. Колку побрзо замине Еди Рама толку подобро за иднината на земјата – порача Баша.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот