ТИРАНА ПОСЛЕ СТРАШНИОТ ЗЕМЈОТРЕС: Седуммина повредени, оштетени станови, пукнатини низ зградите, луѓето во паника (ФОТО+ВИДЕО)

Фото: Принтскрин

Седуммина повредени, оштетени домови, преполни учици со луѓе, е сликата која ја пренесуваат албанските медиуми по денешниот земјотрес кој го погоди албанскиот главен град Тирана. Топ чанел јавува дека земјотресот со јачина 5.8 степени, а со епицентар во Драч, ги погодил Лушња, Лежа, Корча, Булќиза, Ѓирокастра, Скадар и Фиер.

Првиот земјотрес беше проследен и со втор кој беше со скоро иста јачина, а според албанските медиуми луѓето биле излезени надвор од нивните станови во тие моменти.

Службите за брза помош информираат дека по земјотресот им укажуваат помош на повредените лица.

Од урнувањето на една куќа покрај автопатот Тирана -Драч се повредени две лица, во Пеза се повредени три лица од едно семејство, повредени се и двајца постари лица во Тирана, покрај познатиот центар Кристал.

Министерството за одбрана на Албанија веднаш излезе со информации околу земјотресот, и повикувајќи се на Институтот за енергетика, вода и животна средина, јавуваат дека интензитетот на земјотресот бил 5.8 степени а со 7.5 јачина, епицентарот бил 30 километри од  Драч, покрај островот Родон. Според истите информации ова е најсилниот земјотрес во последните 20-30 години.

Од последните слики и видеа кои ги објавува ТЧ се гледаат и две згради со пукнатини низ целиот надворешен дел, а фасадата на Геолошкиот институт во Тирана целосно уништена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот