Тирана домаќин на министерски состанок за интеграција на Ромите

Тирана ќе биде домаќин на министерски состанок за интеграција на Ромите во вторник (27 октомври), на кој ќе присуствува и европскиот комесар за соседска политика и проширување Оливер Вархеји. Ќе се разговара за домувањето, граѓанската регистрација, собирањето податоци и буџетирањето.

Состанокот ќе го отворат албанскиот премиер Еди Рама, европскиот комесар за соседска политика и проширување Оливер Вархеји и генералниот секретар на Советот за регионална соработка Мајлинда Брегу.

Ресорните министри задолжени за интеграција на Ромите во економиите на Западен Балкан ќе разговараат за напредокот постигнат по повеќе од една година од усвојувањето на Декларацијата за интеграција на Ромите усвоена на самитот во Познан.

Како што е најавено, на состанокот покрај министрите задолжени за интеграција на Ромите, ќе учествуваат и официјални лица од кабинетите на премиерите на земјите од регионот, националната канцеларија за Роми, организаторите на претстојниот Самит на Берлинскиот процес во Софија, како и претставници на ЕУ.

Прочитајте и...  Нова научна студија за потеклото на ковид-19: Кина смета дека пандемијата започнала во Италија

Министерскиот состанок оваа година е организиран од Албанија како домаќин, заедно со Канцеларијата на Акциониот тим за интеграција на Ромите до 2020 година на Советот за регионална соработка.

Во Албанија живеат од 120 до 150.000 Роми, кои се најмаргинализирана катерија граѓани. Со законот за малциснтва од 2017 година тие се признати како национално малцинство.

Извор:МИА

Поврзани вести

Гутереш по повод Светскиот ден за борба против насилство врз жените: Да ставиме крај на пандемијата на родово-базирано насилство

Слободен печат

ВО ЖИВО: Изјави на Шекеринска и Галовеј пред МО

Слободен печат

Заев: Многу е важно жените да не молчат, да кажат НЕ на насилството и веднаш да пријават

Слободен печат

Етиопскиот премиер ја одби меѓународната заедница за конфликтот во неговата земја: Сами ќе се справиме, ако треба ќе ве повикаме

Слободен печат

Милошоски: Дел од Обвинителството е под силно влијание на Владата

Слободен печат

ИК на ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука за избор на претседателство на ветерани

Слободен печат

Остави Коментар