Тирамису: Посна варијанта на омилениот десерт

Фото: Unsplash

Тирамису е италијански десерт којшто по традиционален рецепт се приготвува со пишкоти – натопени со кафе еспресо, сирење, јајца, шеќер, вино марсала или рум и какао. Во оригиналната рецепта не е наведена употреба на алкохолот, со оглед на тоа дека на почетокот овој десерт бил наменет за сите, од деца до возрасни и стари.

Различни извори наведуваат дека овој десерт настанал во градот Тревизо, во ресторанот „Le Beccherie“, од рацете на слаткарот Роберто Лингваното, наречен Лоли. Согласно други верзии, десертот тирамису настанал во Сиена – Тоскана, во чест на војводата Козимо III во прилика не една негова посета на градот.

Тирамису е еден од најпопуларните десерти, но за време на големиот божиќен пост ви предлагаме посна варијанта на овој популарен десерт.

Состојки:

Замена за бисквити:

– 2 лажици овесни снегулки
– 2 лажици овесно брашно
– 1 лажица какао прав
– 1 лажичка прашок за пециво
– 100 мл црно или инстант кафе
– 1 лажица јаворов сируп

За филот:
– 200 г. јогурт од соја
– 1 лажица јаворов сируп
– 50 г. какао во прав

Подготовка:

Сите состојки кои се замена за бисквитите ставете ги во сад за печење. Добро промешајте па печете околу 15 минути на 180 степени. Во меѓувреме изматете го јогуртот со јаворовиот сируп и медот. Рамномерно распоредете го филот врз останатите состојки. Низ цедалка сипете го рамномерно какаото врз десертот.

Добар апетит!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот