Типови на срам и какви се последиците врз личноста

Во овој напис без срам зборуваме за срамот.

Постојат различни видови на срам, кои имаат исти физиолошки последици, но се разликуваат во когнитивната елаборација и во околностите што ги создаваат.

Неодамна, почитуваниот американски психоаналитичар Џозеф Бурго предложи дефинирање на 4 видови срам што тој ги смета за фундаментални. Според овој специјалист, луѓето денес се поподготвени да зборуваат за тоа што го предизвикува нивниот срам, затоа објаснува како секоја од овие варијанти може да влијае врз нас.

Во својата книга објавена минатата година, Бурго претставува четири парадигми преку кои ќе ја проучи оваа теза. Сепак, пред да започнеме со разликите на срамењето, да ја објасниме заедничката слика за различните манифестации на срам:

– Црвенило на лицето, вратот или градите.
– Бегство во однесувањето или во мислите.
– Потреба да се напушти или смени локацијата.
– Тешкотија да се гледа друга личност во очи.
– Ментална конфузија.

Многу луѓе имаат многу негативна концепција за срамот. Сепак, авторите на оваа научна студија  различните видови на срам ги толкуваат како посложена сензација и со поумерени, помалку катастрофални последици.

На еден или друг начин, срамот е релативно чест и тешко може да се избегне во нашиот секојдневен живот. Тој степен на токсичност, што обично му го припишуваме, воопшто не е реален. Бурго пишува во својата книга – заснована врз неговите клинички набљудувања повеќе од 35 години – за изненадувачката врска помеѓу срамот и самодовербата. Тој тврди дека лекциите што можат да произлезат од интеракција со нашите состојби на срам ќе имаат поцврсто психолошко влијание од инхибицијата произведена од оваа емоција. Пораката што ни ја нуди овој автор е оптимистичка.

4-те типови на срам

Позитивната психологија, која е толку распространета денес, е јасен пример за импулс на оптимистичко прифаќање на нашите помалку пожелни црти.

За Бурго, решавањето на проблемот со срамењето е природен и прифатлив феномен. Предлогот на овој автор е, генерално, да се разликуваат 4 типови на срам:

Невозвратена љубов

Ако љубовта не ви е возвратена, ако сте одбиени или напуштени од вашата сакана личност – ќе добиете прецизна петстава за срамот, генериран од овие ситуации. Во некои случаи, ова чувство дури и се претвора во понижување.

Овој вид на срам почнуваме да го чувствуваме уште во првите години од животот; оние деца кои не ги добиваат посакуваните афективни реакции кај нивните мајки по безброј повици за внимание доживуваат чуство многу слично на овој срам, предизвикан од еднострана љубов.

Во психолошката пракса, се забележува дека луѓето кои се воспитани од мајки кои не достигнале доволно ниво на емпатија во врската мајка-дете, имаат структурна подлога за срам што може да се асимилира до еден вид основен срам. Оваа состојба може негативно да влијае на нормалниот развој на поединецот.

Несакана изложеност

Тоа е вид на срам кој генерално се чувствува за време на неформален разговор. Постојат многу дневни епизоди, повеќе или помалку вообичаени, поврзани со овој тип на срам, како што се потсмевањето или омаловажувањето во јавност или пак, кога некој влегува во вашата соба додека сте голи.

Поради неговата честа појава, овој вид на срам е минлив и има мала важност за психолошката благосостојба на поединецот. Сепак, во зависност од предиспозицијата на личноста и интензитетот на искусната емоција, во некои случаи може да добие важност, или да прерасне во траума.

Неисполнување на очекувањата или разочарување

Оваа група ги вклучува манифестациите на срам што се јавуваат откако ќе се обидат да постигнат цел, но не успеваат во исполнување на целта. Личните очекувања пропаѓаат.

Што се однесува до потенцијалните реперкусии, тие се слични на оние од претходниот тип на срам. Некои дневни примери што можат да се однесуваат на ова чувство на срам се:

Не сте направиле предвидлива/остварлива професионална проекција.
Крај на пријателска врска.
Неуспех на емотивна врска.

Исклучување или маргинализација

Речиси сите сме заинтересирани, како социјални суштества, да се вметнеме себеси во група и да развиеме чувство на припадност на групата. Овој принцип важи за речиси сите витални сфери на личноста: работа, романтични врски, пријателства, итн. Сепак, постојат моменти кога ова чувство на припадност може да биде загрозено.

Во овие случаи, самодовербата служи како одбрана против негативното влијание на овој вид на срам. На пример,  „Моите пријатели денес не ме поканија на скара затоа што, мислеа дека сум презафатен со работа и не сакаа да ме вознемируваат. А не затоа што тие не сакаат да бидат со мене“.

Срамот кај децата

Да се ​​каже „не“ на дете може да предизвика многу блага форма на срам во него, бидејќи има тенденција да ги прекине неговите природни истражувачки импулси. Но, овој вид на срам обично не трае долго и нема долгорочни последици. Освен ако не се соочиме со личност чие детство било мачно, злоупотребувано, занемарувано или травматично. Но во нормалните случаи малите „резервоари“ на срамот што можеби се насобрале не значат постојан негативен ефект. Затоа, секој родител треба да биде разумен во однос на наметнување на ограничувања на своите деца. А само едно „не“, не боли.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот