Тинеке и Бутикофер: Пристапниот процес да не се злоупотребува од страна на држави-членки на ЕУ

Тинеке Стрик, европратеничка/Фото: МИА

Ние сакаме фер процес на пристапни преговори, со фер критериуми во кој нема толкаво влијание на билатералните прашања. Отсега натаму ќе се обидуваме да го исчистиме овој процес да се осигураме дека ова е процес каде што преговорите се врз основа на заслуги, критериуми, реформи, владеење на право, фундаментални човекови права, судство и сите барања коишто се фер барања со цел државата да стане дел од европското семејство.

Порачаа на прес-конференцијата во Собранието европратениците од Зелените/Групата на ЕСА Тинеке Стрик и Рајнхард Бутикофер. 

-Да се осигурaме дека нема злоупотреба од страна на држави членки на ЕУ коишто злоупотреби се наметнуваат на оние коишто се надвор од клубот. Ние ќе направиме притисок, ќе ја притиснеме Комисијата и з земјиемјите членки и партиите во Европскиот парламент да нема нерелевантни основи за натамошен тек на преговорите за членство, рече Тинеке.

Таа нагласи дека „францускиот предлог” и високиот притисок донесе одредена поларизација во општеството  и намалена доверба во ЕУ дури и кон Владата и смета дека е потребно како што вели, „сите заедно да работиме да ја повратиме довербата”.  

-Ја понудивме нашата поддршка и на институтите, но и на политичките партии и јасно дадовме до знаење дека искрено сакаме да ви помогнеме да се добие подобра соработка меѓу ЕУ и Северна Македонија без разлика дали станува збор во сферата на законодавство или пак во сферата на справување со енергетската криза или прашања коишто ја притискаат државата или, пак, се работи за поддршка и солидарност која што треба да ја покажеме како реципроцитет на солидарноста која што вие ја покажавте со приклучувањето кон санкциите против Русија во врска со војната со Украина. Треба да ве поддржиме и во имплементација на сите реформи коишто се во фаза на процесот. Усвоени се закони, но сега на ред е нивната имплементација. Треба да се обрне внимание на дискриминација на говор на омраза не само заради тоа што е услов за членство во ЕУ, туку затоа што тоа е бенефит за граѓаните и за оштеството во Северна Македонија, вели европратеничката Тинеке.  

Според неа, доколку се почитува владеењето на правото и човековите права без разлика на историја и на идентитет тогаш тоа значи дека се исполнети условите за членство.

-Се надевам дека ќе ги надминеме ваквите пречки во однос на билатералните прашања коишто ги споменав. Ова е и наша одговорност, но се надевам и очекувам една социјална обединетост меѓу граѓаните и еден добар преговарачки процес, да се осигуриме дека се движиме напред на патот и дека ќе ја примиме во клубот Северна Македонија што е можно поскоро, потенцира Тинеке.

Европратеникот Бутикофер одговарајќи на новинарско прашање во однос на условот за уставни измени пред почеток на преговорите по поглавја истакна дека за него главно прашање е „дали ќе успееме да избегнеме еден континуиран процес на поставување пречки една по една”.

-Во идеален случај да бидам искрен, да не излезе ова како мешање во внатрешните работи, јас би бил за покренување на уставни прашања во време кога целокупните преговори ќе бидат финализирани и да кажеме ова е дел од финалниот пакет. Не сум сретнал ниеден соговорник вклучително и од бугарска страна коишто го гледале како проблем. Слушнав некои шеги за вклучување на Јапонците и Монголците во Уставот. И мислам дека ова не е проблем. Мислам дека проблемот, прашањето е дали ќе успееме да избегнеме еден континуиран процес на поставување пречки една за друга, една по една. Ова не би било во духот на Европа и нема да биде во духот на она што ветија експлицитно одредени држави. Поранешната канцеларка Меркел, еднаш рече на претседателот на една држава која што стави пречка, ако се однесувавме вака како што се однесувате сега кон РСМ вие сега немаше да бидете тука со мене да разговарате како членка на ЕУ, истакна Бутикофер.  

Во однос на енергетската криза тој нагласи дека очигледно кризата ќе биде тешка за сите земји членки, па и во Германија преземаат чекори како вклучување на термоцентралите кои за нивната партија биле незамисливи, но и ја поттикнуваат транзицијата кон обновливи извори.

-Ние во Германија преземаме чекори, министерот од мојата партија за економија и клима правиме чекори за коишто не ни сонувавме дека ќе мора да ги преземеме. Ние ги вклучуваме и термоцентралите. Ова никогаш не било во план. Правиме чекори коишто не одат во насоката која што ја посакуваме, но ова е обврска која што ја имаме преземено пред граѓаните. Во исто време ако одбиеме да преземеме чекори сега да ја подобриме ситуацијата од нејзината основа да ја поттикнеме транзицијата, да ги промовираме обновливите извори тогаш не треба да сме на функција затоа што ние ги носиме граѓаните во опасност во наредните пет, 10 години. Токму затоа зборувам за одење на две нозе – да се прави она што мора да се прави во моментов, но во исто време да ја трансферираме иднината на долг рок, вели Бутикофер. 

Видео на денот