Тинејџерот на Барселона испиша историја со настапот против Хрватска

Фото: EPA-EFE/ABEDIN TAHERKENAREH

Репрезентативецот на Шпанија Ламин Јамал кој денеска се најде во стартниот тим на Шпанија за натпреварот против Хрватска испиша историја на Европските првенства.

Имено, фудбалерот на Барселона стана најмладиот фудбалер кој некогаш заиграл на еден европски шампионат.

Денеска Јамал има точно 16 години и 338 дена и со настапот против Хрватска го сруши рекордот на Полјакот, Кацпер Козловски кој на последното Европско првенство токму против Шпанија настапи со 17 години и 246 дена.

Зад себе Јамал имаше одлична сезона во Барселона и поради тоа и со многу оптимизам го дочека Европското првенство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот