Тинејџерот Мело: Бев изненаден што голем клуб како Вардар сака да ме доведе

фото: twitter.com/Sporting_CPAdep

Oткако вчера во португалските медиуми беше најавен трансферот на младиот ракометар Нилтон Мело, со изјава излезе и самиот ракометар кој призна дека бил изненаден од понудата на Вардар.

Понудата од Вардар до тинејџерот пристигнала кога тој разгледувал опции за каде би било најдобро да ја продолжи кариерата, минатата сезона ја помина играјќи за Виторија Сетубал како позајмен играч од Спортинг.

Мело не размислувал премногу кога пристигнала понуда од македонскиот клуб.

„Заедно со моите соработници баравме клуб каде што ќе можам да напредувам како професионалец. Пристигнаа повеќе понуди од Шпанија, меѓутоа кога дојде понудата од Вардар не можев да ја одбијам. Како тинејџер бев изненаден што клуб со таква историја и традиција сака да ме доведе. Ваквите работи ми даваат мотив да работам уште посилно за да станам колку што е можно подобар“, изјави Мело.

Вардар пред Мело се засили со Стефан Петриќ од Партизан и Марко Срдановиќ од Металопластика. Црвено-црните ќе бидат активни ова лето со цел да не си дозволат сезона како оваа во која завршија на третата позиција во првенството.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот